Десетици илјади со поддршка за Виктор Орбан: Ни требаа години да го поправиме она што го уништија левичарите

1 min read

Неколку десетици илјади приврзаници на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата десничарска Влада се собраа денеска во Будимпешта на мировен марш за поддршка на популистичкиот лидер.

На средбата Орбан ги наброи економските достигнувања на неговата Влада и ја обвини претходната, предводена од социјалистите, дека ја донела земјата до финансиски колапс.

– Ни требаа неколку години да го поправиме она што го уништија левичарите, истакна премиерот на Унгарија, каде следната пролет се закажани парламентарни избори.

Собирот беше организиран од невладината организација Форум на граѓанско единство, активен промотор на политиките на партијата Фидес на Орбан, која доминира во унгарскиот Парламент со двотретинско мнозинство од 2010 година.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Снежана Танева, фармер: На фарма работиш од утро до мрак, а сепак, сточарите не уживаат голема почит!

Следно

Вратете се за да не го изгубиме Кичево, ги повика Ахмети Албанците од дијаспората

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian