Дали Мурињо сам си го потпишува отказот во Рома и гледа кон Њукасл?

2 mins read

Не стивнуваат коментарите по дебаклот на Рома на гостувањето кај Бодо Глимт во Лигата на Конференции со 6:1, а по два дена во центарот на вниманието се наоѓа тренерот Жозе Мурињо.

Наводно, Португалецот на полувремето кога Рома имаше негатива од 2:1, им рекол на своите фудбалери: „Некои од вас не можат да играат во Норвешка, а некои не се ниту за втората лига“.

Ова не е прв пат Мурињо да го зборува ова, тој во минатото по поразот во италијанскиот Куп им го рекол истото и на фудбалерите на Интер по што тие подоцна успеаја да ја освојат тројната круна.

Се очекува Рома експресно да реагира по убедливиот пораз иако загубите на клубот изнесуваат 200 милиони евра и ќе му ја исполни желбата на Мурињо кој бараше засилување во средниот ред и во одбраната.

Но, дел од медиумите сомнително гледаат кон однесувањето на Португалецот кој се обидува да исценира крај на соработката, односно дека се кае што дошол во Рома иако тој ги демантира овие шпекулации.

Италијанските медиуми немаат дилеми, Мурињо сака да се врати во Премиер лигата и да седне на клупата на најбогатиот фудбалски клуб на светот, Њукасл.

Мурињо во Њукасл би имал неограничен буџет, исто како имаше во Челси во 2004 година кога прв пат пристигна во Премиер лигата.

Од друга страна, новите сопственици на Њукасл се надеваат дека Португалецот може да ги привлече најдобрите фудбалери и поради тоа Мурињо конфликти во Рома за да исценира отказ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Заев: Принципиелно СДСМ во вториот круг ќе ги поддржи кандидатите на коалициските партнери

Следно

Кацаров: Доколку мерките против ковид-19 не функционираат, за 10-15 дена ќе има „локдаун“ во Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian