Бурата во Мексико се претвори во ураган, се очекуваат поплави

1 min read

Тропската бура Рик денеска се претвори во ураган во близина на мексиканскиот брег на Тихиот Океан и се очекува да зајакне во текот на денот, соопшти Националниот центар за урагани на САД (НХЦ).

Ураганот Рик се движеше во правец север-северозапад со брзина од околу 11 километри на час со максимален ветер од 130 километри на час и силни налети.

Ураганот се наоѓа на околу 335 километри јужно од градот Зихуатанехо во државата Гереро.

– Се предвидува брзо зајакнување во наредните денови, а Рик се очекува утре да стане голем ураган, се вели во соопштението на НХЦ.

Се додава дека од вечерва до вторник Рик ќе предизвика поројни дождови на крајбрежните области на сојузните држави Гереро и Мичоакан, а врнежите на места ќе достигнат и до 50 сантиметри, што најверојатно ќе предизвика поплави и лизгање на земјиштето.

Мексиканските власти предупредија дека обилни дождови би можеле да ја погодат јужната држава Оахака, како и неколку централни и западни региони на земјата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Славчо Попоски прогнозира: Подгответе се за минусни температури, еве од кога!

Следно

Нови 482 случаи на ковид, дванаесет лица починаа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian