Јакимовски: Новата автобуска линија беше мое предизборно ветување иако Средно Нерези го заборавија

1 min read

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска објави дека веќе е реализирано едно од неговите предизборни ветувања, а се уште не е официјално избран за градоначалник на општината. Јакимовски се заблагодари на одлуката на градските власти да воведат автобуски превоз од Трнодол и Жданец до Сити Мол, проект што беше најавен од кандидатот на ГРОМ уште пред две недели.

– Ја поздравувам одлуката на градските власти да воведат автобуски превоз од Трнодол и Жданец до Сити Мол. Имајќи предвид дека тоа е мое изборно ветување од пред повеќе од десет дена. Посебно сум среќен што практично веќе едно ветување кое сум го дал на граѓаните на општина Карпош веќе е исполнето, а се уште не сум градоначалник на општина Карпош. Во исто време сакам да ги потсетам дека го заборавија Средно Нерези. Во мојот предлог покрај Трнодол и Жданец предлагам и Средно Нерези да биде вклучено во градскиот превоз до Сити Мол, рече Јакимовски.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Канада со дрон пренесени бели дробови, трансплантирани на 60-годишен пациент

Следно

Фудбалери на Баерн основаа фонд за борба против коронавирус, а не се ниту вакцинирани

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian