ВИДЕО | Македонија ќе оди на Евровизија 2022, спектакл за 200 милиони гледачи

2 mins read

Македонија ќе учествува на популарната музичка манифестација Евровизија 2022, која ќе се одржи во Италија. Веста дека нашата земја ќе има свој претставник ја објавија организаторите на настанот на официјалната страница на ЕБУ.

Шеесет и шестиот натпревар, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и нејзиниот италијански член, јавниот радиодифузер Раи.

Од вкупно 41 земја којашто ќе учествува на музичкиот натпревар кој ќе се одржи во Торино, во мај 2022 година, 36 ќе се натпреваруваат во две полуфиналиња со по 10 успешни нумери од секое полуфинале, придружувајќи им се на четирите од големата петорка (Франција, Германија, Шпанија, Обединетото Кралство) и на домаќинот Италија во големото финале.

Од ЕБУ порачаа дека нивните тимови веќе работат на организацијата и се подготвуваат да ги дочекаат делегациите на земјите учеснички, најавуваат спектакл кој се очекува да го следат околу 200 милиони гледачи ширум светот.

И додека ЕБУ информира дека Македонија ќе учествува на Евровизија, Јавниот радиодифузен сервис МРТ, се уште не излегол со информација за јавноста околу најавениот настан.

Италијанскиот град Торино е избран за град домаќин на 66-тиот избор за песна на Евровизија, откако триумфираше над 16 други конкурентски понуди.

Италија го доби правото да го организира настанот наредната година откако групата Манескин ѝ ја донесе првата победа на својата земја од 1990 година со песната „Zitti e Buoni“ на овогодинешниот натпревар во мај.

Големото финале на изборот за песна на Евровизија 2022 година ќе се одржи на ПалаОлимпико, една од најголемите затворени арени во Италија, во сабота на 14 мај, а полуфиналните вечери ќе се одржат на 10 и 12 мај.

Погледнете на официјалниот сајт на ЕБУ кои земји ќе учествуваат на Евровизија 2022 година во Торино, а меѓу нив е и нашата земја.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рама: Отворен Балкан е вистинската идеја во вистинско време

Следно

Видео: Скопјенце наше загадено, а зимата не е почната

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian