ВИДЕО: Мајсторијата на Дибиров против Алборг се најде меѓу петте најубави голови на колото во ЛШ

1 min read

Ракометарите на Вардар во средата го доживеаја вториот пораз по ред во Лигата на шампионите откако загубија од Алборг со 33:29 иако на теренот блескаше Тимур Дибиров кој постигна дури девет гола.

Миленикот на „Комитите“ сите девет гола ги постигна во првото полувреме, а еден од неговите голови се најде во изборот за најубав погодок во петтото коло во Лигата на шампионите. Дибиров постигна прекрасен гол, односно од крилната позиција од зглоб ја смести топката во мрежата на голманот Симон Гаде.

Најдобриот гол го постигна играчот на Елверум, Тобијас Грондал против ППД Загреб, а во изборот се најдоа уште и Јахја Омар од Веспрем, Нику Негро од Динамо Букурешт и Микел Хансен од ПСЖ.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Шилегов: Асфалтирање на булеварот „Киро Глигоров“ од мостот Близнак до крстосницата со „Перо Наков“

Следно

САД со порака кон Додик: Нема можност РС да се отцепи од БиХ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian