Њукасл за 80 милиони евра го договори првото засилување

1 min read

Првиот потег на новите сопствeници на Њукасл, Саудискиот инвестициски фонд кој е под директна надлежност на принцот Мохамед бин Салман, беше отпуштањето на менаџерот Стив Брус, а наредниот потег ќе биде првото големо засилување меѓу фудбалерите.

Португалскиот Спорт ТВ ексклузивно објави дека првото засилување на Њукасл ќе биде фудбалерот на Порто, Луис Дијаз бидејќи англискиот тим е подготвен да плати 80 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула на фудбалерот.

Колумбискиот репрезентативец игра одлично оваа сезона и на 11 натпревари постигна седум постигнати голови, од кои три му даде на Милан во Лигата на шампионите, го сврте вниманието на гигантите.

Згора на тоа Дијаз одигра одлично и за колумбиската репрезентација во квалификациите за СП 2022 година против Бразил и Еквадор, што ги натера новите сопственици на Њукасл да не размислуваат премногу и во зимскиот преоден рок да ја активираат откупната клаузула.

Интересно е што Луис Дијаз во Порто дојде  од колумбискиот Атлетико Јуниор за сума од 7.1 милиони евра, а португалскиот тим ќе заработи дури 73 милиони евра од неговиот трансфер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вкупно се аплицирани 1.574.184 дози вакцини, а ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани

Следно

ФОТОГАЛЕРИЈА | Актери кои загинале во текот на снимање: Жива изгорела во автомобил, застрелан со куршум, прегазена со воз…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian