Руси во центарот на вниманието на европската идеологија за заштита на демократијата и човековите права

9 mins read

Политичко-воениот естабилишмент во Европа, неволен да отвара жежок фронт против режимот во Москва поради кршењето на човековите права, мешањето во демократските процеси во многу земји и конфликтот во Украина, деновиве ја употреби моќта на „меката сила“ и им додели на Руси врвни награди за миротворство и заштита на човековите права.

На почетокот на месецот лауреат на Нобеловата награда за мир стана Димитриј Муратов, главен уредик на авторитетниот весник за истражувачко новинарство Новаја газета. Познат пред сѐ поради трагичната судбина на неколку негови новинари, вклучително Ана Политковскаја и Станислав Меркелов, убиени поради ревносно извршување на својата професија.

Пред два дена, пак, добитник на наградата Сахаров за слобода на мислата што ја доделува Европскиот парламент, стана Алексеј Навални, опозиционер и голем критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

-Тој се бореше неуморно против корупцијата на режимот на Владимир Путин. За ова тој плати со својата слобода и речиси и со својот живот. Со денешната награда се признава неговата безгранична храброст и го повторуваме нашиот повик за негово неодложно ослободување, изјави Давид Сасоли, претседател на ЕП.

Во Русија, Навални (45) е познат политички активист и антикорупционер уште од првите антивладини протести во 2011 година, критикуван и омаловажуван од ефективната пропаганда на власта, а фален и ценет од протестно расположениот дел од руското општетство и опозицијата. Пред сѐ поради бомбастичните и мошне популарни документарни филмови на неговиот Фонд за борба со корупцијата емитувани на Јутјуб, со десетици милиони прегледи, кои прикажуваат експозеа за невидениот раскош и двојниот живот (паралелни семејства и љубовници) на руските високи политичари и чиновници како Димитриј Медведев, Сергеј Лавров или Игор Сечин.

Во овие филмови главни херои се и низа други чиновници и олигарси од потесниот и поширокиот круг на Путин, вклучувајќи го и него самиот, кои за време на веќе 21-годишното владеење на нивниот шеф станале баснословно богати. Поради ова, опозиционерот стана трн во стапалото на скаменетиот режим, а власта отвори соеопфатен фронт против критичарите, со употреба на тактики и црна пропаганда што се граничат со отворен фашизам.

Хибридната кампања против опозицијата и демонстрантите во Русија, со помош на тотална контрола судството, медумите и Интернетот, придонесе за создавање раскол, омраза и нетрпеливост во општеството, при што убиени беа такви опозиционери како поранешниот вицепремиер Борис Немцов или борецот за човекови права Наталија Естемирова.

Навални стекна меѓународна слава на 20 август 2020 година по обидот и за негово убиство, иако од 2017 година наваму обиди за убиства имаше и врз неколку други активисти како политичарот Владимир Кара-Мурза, близок на Михаил Ходорковски кој управува со фондација во спомен на Немцов.

Според истрага спроведена од Белингкет и бугарскиот новинар Христо Грозев, операцијата била детално организирана од специјална единица на Федералната служба за безбедност (наследничка на озлогласената КГБ). По обидот за атентат, Навални едвај остана жив и итно беше префрлен на рехабилитација во Берлин, а откако закрепна, одлучи да се врати во Русија (идејата на власта беше да остане во емиграција засекогаш), по што веднаш беше уапсен и ставен во затвор.

Вашингтон тогаш го осуди „обидот на Русија за атентат” врз Навални „со хемиски боев отров” и наметна санкции за високи чиновници и државни агенции.

Наградата Сахаров за слобода на мислата на ЕП, именувана по советскиот физичар и дисидент Андерј Сахаров, се доделува од 1988 година „во чест на исклучителните индивидуалци и организации во одбрана на човековите права и фундаментални слободи”, се вели во текстот за наградата на ЕП.

Добитници на наградата лани станаа повеќе белоруски опозициски активисти, а претходно и Нелсон Мендела и Малала Јусафзаи. Во 2018 година наградата ја доби украинскиот режисер Олег Сенцов, повторно како реакција на агресивните дејства на рускиот режим во Европа, „во знак на признание за неговиот мирен протест против незаконската окупација на Крим”.

Врачувањето на наградата е закажано за 15 декември во Стразбург, Франција и чини 50.000 евра.

Во врска со наградата, портпарoлот на Путин, Дмитриј Песков, изјави дека „никој не може да не натера да искажеме почит” за одлуката на ЕП.

– Ние го знаеме Европарламентот, ние, безусловно го почитуваме тој орган. Но никој не може да на натера да искажеме почит за такви одлуки. Такви решенија се донесени од луѓе… кои не располагаат доволно информации, конкретно за таа епизода, конкретно за историјата со тој осуденик, кој отслужува казна затвор, изјави тој.

Многумина познавачи на состојбите очекуваа Навални да ја добие Нобеловата награда за мир, но наместо нему наградата е доделана на Муратов од Новаја газета и на истражувачката новинарка Марија Реса од Филипини. Навални тогаш им честита и на двајцата.

Се очекува дека со изборот на лидерите на ЕП наградата да оди кај Навални, наместо кај други номинирани како група авганистански жени и затворен политичар во Боливија, тоа уште повеќе ќе ги затегне и онака кревките односи меѓу ЕУ и Русија.

Пред неколку дена Москва ја затвори и својата мисија во НАТО. Генералниот секретар Јенс Столтенберг истакна дека односите меѓу воената алијанса и Русија целосно деградирале.

– Односите меѓу НАТО и Русија сега се на најниска можна точка од крајот на Студената војна, изјави Столтенберг на брифинг за новинарите во Брисел. Тој повика на повеќе дијалог по затворањето на руската канцеларија за врски со НАТО.

Столтенберг ја поздрави одлуката на ЕП да додели врвна награда за човекови права на Навални.

– Мислам дека е важно признание, за важната улога што тој ја играше повеќе години за поддршка на демократските вредности и за силниот глас во Русија, изјави тој.

Во европските престолнини, секако, постои огромна загриженост за третманот на руската опозиција од страна на Кремљ, и наградата е сигнал дека ЕУ е засегната од тешката ситуација во која се наоѓаат критичарите на Путин во Русија.

Сепак, во атмосфера на тотална контрола на медиумите, наградата во Русија ќе биде искористена во полза на пропагандата, ште е еден повод да се укаже дека „Навални е лакеј на Западот”, сметаат некои познавачи на состојбите.

На средбата со Путин во јуни, американскиот претседател Џо Бајден го покрена прашањето за Навални. Тој претходно ја предупреди Москва дека секаков суров третман со него ќе го отсече Путин „од односите со целиот свет, и од мене”.

За некои блогери во Русија, Навални е личен затвореник на Путин. Се претпставува дека тој нема да излезе од затвор барем до 2024 година, кога се закажани следните претседателски избори, за што Путин не сака да се крева многу врева затоа што се подготува да стане доживотен претседател.

Иако беше исфрлен од претседателската трка и од можноста да се кандидара за други позиции, Навални и од затвор претставува политичка закана за Путин и за моќната олигархија во земјата која фактички управува со руската економија.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ракометното дерби во ЛШ и припадна на Барселона

Следно

Турција: Амбасадори на 10 држави не се добредојдени

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian