Реконструиран крак на улица „Драгиша Мишовиќ” во Карпош 3

1 min read

Општина Карпош заврши со реконструкција на кракот на улицата „Драгиша Мишовиќ“, во населбата Карпош 3 (пред градинката „Орце Николов“).

Од ова скопска општина информираат дека станува збор за обнова на коловоз од 80 метри и ширина од седум метри, а реконструирани се и пешачките делови. Вкупната асфалтирана површина изнесува 1.600 м2.

– Оваа сообраќајница ги поврзува улиците „Карпошово востание“ и „Никола Русински“, а по сугестии на граѓаните, поставени се и слеани рабници со цел подобра пристапност за велосипедистите, родителите/старателите кои ги носат децата во градинка, како и граѓаните со попреченост, соопштија од Општина Карпош. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Наместо торта, пржен сладолед – Сара Мејс уживаше со семејството за својот роденден

Следно

По 5 илјади љубовници, Хуан Карлос I принуден со хормони да го запре својот голем сексуален апетит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian