Не калкулираме со фотелјите и кариерите – носевме одлуки за народот, вели Заев

1 min read

Докажавме дека имаме храброст кога треба да се носат одлуки, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва на партиски митинг во Битола.

Кога државата беше заробена, без разлика на живот, без разлика на здравје, сите бевме тука. Марширавме заедно, протестиравме заедно, се исправивеме и соборивме режим, потсети премиерот Заев.

-Кога требаше да се донесат одлуки за крупните горливи политички прашања во нашата земја на домашен и на меѓународен план – ние бевме тука. Донесовме храбри одлуки, но и мудри одлуки што прицврстија се што ни е важно нам и на нашите претци, на партизаните и војводите, на сите што гинеле за оваа наша Македонија. Донесовме исклучително исправни одлуки и покажавме дека не калкулираме со своите политички фотелји ниту со своите политички кариери. Носевме одлуки за народот, ние не сме како нашите противници кои шират лажен патриотизам, кавгаџии со сите надвор и дома., посочи Заев.

Претседателот на владејачката партија Заев повика масовно да се излезе на избори и Христо Кондовски да биде идниот градоначалник на Битола.

-Светот оди напред, а ние сме храбри борци. Ние носиме одлуки за нашите општини, за нашата татковина. Ве повикувам да дадете поддршка за храброста, за подоброто и за најдоброто за Битола, а тоа е Христо Кондовски, посочи Заев.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден и Макрон разговараа за европската одбрана, дискусиите ќе продолжат овој месец во Рим

Следно

ВИДЕО: Само десет минути за Пандев во поразот на Џенова

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian