Мишо Ковач хоспитализиран поради проблеми со дишењето

1 min read

Мишо Ковач се лекува на Одделот за белодробни заболувања во Клиничкиот болнички центар Сплит, каде што бил пренесен поради проблеми со дишењето, пренесува Дневник.Хр.

Легендарниот пејач заврши во болница, а како што пишува денеска Далмација, тој е стабилен и се чувствува добро. Тој е на Одделот за белодробни заболувања во Клиничкиот болнички центар Сплит, и за неколку дена треба да биде пуштен на домашна нега.

80-годишниот Мишо Ковач имаше проблеми со дишењето, а според првите информации, проблемите не се предизвикани од коронавирусот.

Пред две години, поради слични проблеми, пејачот беше лекуван во Загрепската специјална болница за белодробни заболувања, каде се опоравуваше од сериозна инфекција на белите дробови. Само неколку дена пред тоа тој одржа концерт пред 12.000 луѓе во арената Спаладиум.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Најлудиот фан на Ѓоковиќ, ја истетовира најголемата траума на Федерер

Следно

Стефоска на средба со египетскиот амбасадор: Македонската култура ќе биде претставена во новата административна престолнина на Египет

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian