МЕТЕО на УБ | Славчо вели: Времето денес од малку облачно до многу облачно

1 min read

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

Во текот на денот облачноста ќе се зголемува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува, додека максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени.

Потоа за време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, викендов ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, и тоа особено во недела кога и температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и од недела ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, додека во почетокот од следната недела наутро истите понекаде ќе се спуштаат и до околу -3 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Актерот Алек Болдвин на филмски сет уби директорка на фотографија и го рани режисерот

Следно

Во Хрватска лани биле регистрирани над 16 000 земјотреси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian