Манасков го оперираше коленото и дефинитивно го пропушта ЕП: Се гледаме наскоро

1 min read

Крилото на ракометната репрезентација на Македонија, Дејан Манасков денеска беше опериран откако пред две недели заработи тешка повреда на коленото.

Манасков пред две недели на натпревар на Веспрем ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, а му беа оштетени страничките вкрстени лигаменти како и ‘рскавицата.

Самиот ракомет преку социјалните мрежи објави дека оперативниот зафат поминал во најдобар ред.
Операцијата помина добро, се чувствувам одлично. Благодарам за сите ваши пораки со поддршка изминативе две недели. Интересниот дел може да започне, се гледаме наскоро, сите ве сакам“, порача Манасков.

Кога станува збор за операција на вкрстените предни лигаменти, вообичаено е опоравувањето да трае околу шест месеци, што значи дека Манасков нема да може да настапи на Европското првенство кое ќе се игра во јануари идната година.

Македонија без Манасков на Европското ракометно првенство 2022!

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 411 случаи на коронавирус и четири починати лица

Следно

Косово ќе протера двајца руски дипломати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian