Лифтовите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ не работат од мај, студентите се качуваат по скали до 16ти спрат

2 mins read

Лифтовите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ не работат од мај минатата година. Студентите се приморани секојдневно да се качуваат по скали дури и на 16-ти кат, а директорот Виктор Велевски вели дека проблемот не е финансиски, туку административен.

– Лифтовите не се во функција затоа што во септември минатата година им истече сертификатот за безбедност. Ние без тој сертификат не можеме да ги пуштиме во употреба, а веќе трет пат тендерот кој го распишуваме за санација на лифотвите е неуспешен. Фирмите кои се пријавуваат на тендерот водат игра, мотивирани од свои интереси и затоа тендерите „пропаѓаат“. Јас поединечно водев разговори со секој претставник од фирмите, како и со сите нив заедно, но не успеваме да најдеме заедничко решение, објасни Велевски, денеска во Утрински брифинг.

Студентски дом „Скопје“ очекува до 15 ноември Министерството за образование и наука да го објави вториот повик за сместување во студентските домови  „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“.

– Најатрактивен за студентите, откако се реновираше е студенткиот дом „Гоце Делчев“, каде што нема веќе слободни места за сместување. По завршувањето на првиот повик, останати се уште околу сто слободни места. Критериум за сместување во студентски дом е финансиската ситуација на студентот и постигнатиот успех. Кога станува збор за бруцоши се разгледуваат повеќе аспекти за кои одлучува комисија при МОН. Се очекува реновирање на прва и трета зграда во студентскиот дом „Стив Наумов“ преку КФ Банка. Во моментов се чека на изработка на проекти, а кредитот е веќе одобрен. Со тоа сите студентски домови ќе бидат на европско рамниште, вели Велевски.

За разлика од минатата година кога поради пандемијата, капацитетот на студентските домови беше исполнет 40 проценти, оваа година, исполнетоста е 100 проценти. Директорот Велевски вели дека не стравува од ширење на вирусот, бидејќи строго се придржуваат до протоколите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Финализирани се конзервацијата и реставрацијата на куполата и на покривната покривка на црквата „Св. Богородица Захумска“

Следно

Македонскиот одбојкар-интернационалец Љафтов: Горд сум што играм во италијанската Суперлига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian