Драгиќ го „пецна“Дивац: Луѓето кои го пропуштија Дончиќ на драфтот немаат појма од кошарка

1 min read

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ кој сезонава настапува за Торонто репторс, го коментираше изборот на НБА драфтот од 2018 година кога неговиот пријател и колега од репрезентацијата, Лука Дончиќ беше избран како трет пик.

Таа година, Феникс санс и Сакраменто кингс ги имаа првиот и вториот избор на драфтот и не сакаа да го изберат Дончиќ, што по три години се покажа како голема грешка.

Феникс кој бираше прв на драфтот во 2018 година, се одлучи за Деандре Ајтон, додека Сакраменто кингс го избра Марвин Бегли јуниор кој оваа сезона испадна од ротацијата на „кралевите“. Како трета бираше Атланта која го избра Лука Дончиќ, но го испрати во Далас во замена за петтиот пик на драфтот, Тре Јанг.

Дончиќ за три сезони израсна во еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, а ова лето потпиша максимален договор со Далас и за пет години ќе добие 207 милиони долари.

Поради тоа, тоа Драгиќ удри по челниците на Феникс санс и на Сакраменто кингс каде претседател за кошаркарски операции беше Владе Дивац кој не сакаше да го избере Дончиќ на драфтот во 2018 година.
Луѓето кои пропуштија да го драфтуваат Лука не се разбираат во кошарка – рече Драгиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И СДСМ и Мицкоски во конфликт околу оставката на историчарот Ѓорѓиев

Следно

Најслатката баба Пиа: Нејзините италијански рецепти ги гледат милиони луѓе

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian