Димитар Ѓорѓиев по четврти пат е светски шампион во кик-бокс

1 min read

Најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓеорѓиев повторно се искачи на светскиот врв, откако на Светското првенство во кик-бокс кое се одржува во Италија го освои златниот медал.

Ѓорѓиев претходно беше светски шампион во 2011, 2013 и 2015 година  во дисциплината кик-лајт, а сега го освои златниот медал во дисциплината лоу кик. Ѓорѓиев во битката за златниот медал го победи натпреварувачот од БиХ, Никола Дробњак со 3:0. Претходно Ѓорѓиев во полуфиналето беше подобар од Бугаринот Никола Николов, додека во воведните борби ги совлада и Италијанецот Давид Дано и Милош Даковиќ од Србија.

Својата доминација Никола Ѓорѓиев ја потврди со тоа што во сите борби во категоријата до 81 килограм, ги оствари со убедлили 3:0.

Покрај четирите златни медали, Ѓорѓиев има и бронзен медал од Светските првества во 2017 и 2019 година, а исто така е европски шампион од 2018 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи: МНР никогаш не вршело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките на историската Комисија

Следно

ФОТО | Наместо торта, пржен сладолед – Сара Мејс уживаше со семејството за својот роденден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian