Danke schoen: Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно

1 min read

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во оддавањето почит на германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, заблагодарувајќи и се што е „сидро во бројни бури”.

Во видео пораката прикажана на нејзиниот последен самит на ЕУ, Обама рече: „Вашиот сакан народ и целиот свет ви должат голема благодарност што бевте светилник толку многу години”.

Поранешниот американски претседател особено ја пофали нејзината способност да ги стави принципите над себичните интереси, алудирајќи на нејзиниот релативно либерален став за време на големиот бегалски бран во 2015 година.

Тој ѝ се заблагодари на канцеларката за нејзината „лојалност кон универзалните вредности што ги усвоила како девојче во Источна Германија”.

„Danke schoen”, рече Обама

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец повреден со огнено оружје

Следно

Нови 411 случаи на коронавирус и четири починати лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian