Фудбалерите на Арсенал по двете ремија, вечерва се вратија на победничките патеки во Премиер лигата.
„Топчиите“ во првиот натпревар од деветтото коло во Премиер лигата со 3:1 ја совладаа Астон Вила.
Ова е четврта победа за Арсенал во последните шест натпревари и се искачија на делба на шестото место со 14 бодови колку што имаат и Манчестер јунајтед, Вест Хем и Евертон.
Резултатот го отвори Томас Парти во 23. минута, а во последните моменти од првото полувреме Пјер-Емерик Обамејанг зголеми на 2:0 со четвртиот гол сезонава. Обамејанг во 56 минута беше асистент, а Смит Роу стрелец на третиот гол. Астон Вила до крајот на натпреварот успеа да постигне почесен гол преку Џејкоб Рамзи во 82. минута.