ВИДЕО: Јокиќ во стил ја започна НБА сезоната, МВП партија за пресврт на Денвер

1 min read

Кошаркарите на Денвер нагетс забележаа победа на стартот од новата сезона во НБА лигата откако доцна синоќа со 110:98 беа подобри од Феникс санс.

Еден од најдобрите во триумфот беше српскиот центар Никола Јокиќ со 27 поени, 13 скокови и две асистенции за нешто повеќе од половина час.

На тој начин Нагетси им се одмаздија на „сонцата“ за минатогодишните 4:0 во плеј-оф серијата кога Денвер беше елиминиран. Санси подобро го отвори натпреварот и во првото полувреме имаа дури 16 коша разлика, а пресвртот го започна токму Јокиќ во третата четвртина кога доминираше Денвер со 34:24.

Феникс целосно застана и во последните 12 минути постигна само 16 поени, гостите се вратија и на крајот убедливо победија.

Резултати, НБА лига –

Шарлот – Индијана 123:122

Детроит – Чикаго 88:94

Њујорк – Бостон 138:134 по две продолженија

Торонто – Вашингтон 83:98

Мемфис – Кливленд 132:121

Минесота – Хјустон 124:106

Њу Орлеанс – Филаделфија 97:117

Сан Антонио – Орландо 123:97

Јута – Оклахома 107:86

Феникс – Денвер 98:110

Портланд – Сакраменто 121:124

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Цените на горивата ја пробиваат психолошката граница – ќе поскапи ли и такси превозот

Следно

Дерматолог Сузана Камберова: Промени на кожата на новороденчето кои се нормални, а ги загрижуваат родителите

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian