ВИДЕО | Мелбурн подготвен да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот поради ковид-19

1 min read

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат денеска од најдолгото затворање поради ковид-19 во светот , иако бројот на нови случаи сѐ уште е близу до рекордно ниво.

Од почетокот на август, жителите на вториот по големина град во Австралија се во изолација – нивното шесто затворање за време на пандемијата – во обид да ја задушат епидемијата предизвикана од многу заразниот делта-сој.

Официјалните лица ветија дека ќе ја укинат забраната откако вакцинацијата со двојна доза за лица над 16 години надмина 70 проценти во државата Викторија, чиј главен град е Мелбурн. Премиерот Скот Морисон потврди дека државата ја постигнала таа цел, така што има места каде стапките на вакцинација достигнуваат 80 и 90 проценти.

Од 23.59 часот (13.59 GMT) во пабовите и кафулињата може да има 20 посетители – кои се вакцинирани двапати – во затворени простории, и 50 на отворено, додека фризерите можат да дозволат влез за пет клиенти. Маските и понатаму ќе бидат задолжителни и во затворени и на отворено.

Додека компаниите се подготвуваат да ги пречекаат клиентите, дневните инфекции во Викторија се зголемија на 2.232 , втор најголем дневен број во која било австралиска држава за време на пандемијата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На денешен ден – 21 октомври

Следно

МЕТЕО | Славчо најавува: Сончево и топло време со мала облачност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian