Сакате да пробате нешто ново, а познато? За вас денес рецепт за „Лемингтон“ колач

2 mins read

Сите сме пробале класичен пандишпан колач. Дали направен со афионово семе, дали трилече, дали со чоколаден прелив, било каква верзија на овој колач ни е познат на вкус, затоа што е едноставен за правење и ни го инспирира непцето.

За денес ќе ви препорачаме нешто од австралиско тло. Колачот „Лемингтон“ е спој на четири вкусни нешта – меко сунѓересто тесто, џем од овошје, чоколада и кокосови трошки.

Приказната за потеклото на овој колач води до лордот Lamington и неговата желба за ваков колач при посета на Австралија. Првпат се споменува ова име во новинска рубрика за храна во 1900 година. Од тогаш, во Австралија и Нов Зеланд овој колач доживува експанзија.

lamingtoncake/Printscreen/Facebook

Па, еве ви и вам инспирација за денешниот десерт.

Потребни состојки:

за тестото:

  • 3 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 300 гр брашно
  • 150 гр стопен путер
  • 1 прашок за печиво
  • 100 мл млеко
  • Малку сол

за чоколадниот прелив

  • 130 гр путер
  • 200 гр темна чоколада
  • 150 мл млеко
  • 50 гр шеќер

Дополнително ќе ви треба џем од овошје по ваш избор – јагода, вишна, малина… И секако, кокосови трошки.

Подготовка:

Се одвојуваат белките од жолчките. Посебно се матат белките со половина од шеќерот, а посебно жолчките со остатокот од шеќерот. Потоа со спатула нежно спојте ги двете смеси и додадете го стопениот путер, половина од брашното со промешан прашок за печиво во него, солта и млекото. Мешајте и додавајте го постепено остатокот од брашното.
Печете 25 -35 минути на 180 степени, додека не забележите како колачот се одвојува од рабовите на тавчето. Најдобро е да печете во четвртасто тавче.

Чоколадата растопете ја со путерот на пареа, додадете млеко и на крај шеќерот. Штом почнат состојките убаво да се соединуваат, тргнете ги од пареа.

Бисквит тестото откако е добро оладено, сечете го на коцки. Можете да го лепите коцка со коцка со џем по избор и така да ги валкате прво во чоколадниот прелив, а потоа во кокосови трошки.

Уживајте!

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хрватската академија бара од властите да не ја пуштаат Србија во ЕУ ако не го признае хрватскиот јазик

Следно

Медицинско лице од Тексас уби четворица вбризгувајќи им воздух во вените

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian