Русија ја идентификуваше новата мутација на Делта сојот

1 min read
Русија пријави случаи на инфекција со новата варијанта на коронавирусот, за која се верува дека е позаразна од Делта поради рекордното зголемување на бројот на заразени и починати. Тоа ги принуди московските власти повторно да воведат порестриктивни мерки, пренесува Радио Слободна Европа.

Можно е варијантата AY.4.2 да биде широко проширена, изјави денеска Камил Кафизов, истражувач во рускиот здравствен супервизор Роспотребнадзор.

Тој додаде дека новата варијанта може да поттикне пораст на стапката на нови случаи на Ковид-19, а на крајот може дури и да го замени Делта сојот, иако, како што изјави, процесот најверојатно ќе биде бавен.

Русија има  најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа, а во светот е четврта.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Експлозија во подрум од зграда во Аеродром

Следно

ДИК ги одби сите шест приговори на Левица, од партијата најавија тужби до Управниот суд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian