Илија Несторовски се опорави од повредата на коленото поради која пропушти доста натпревари годинава на Удинезе, не беше дел од дебитантското Европското првенство со македонската А репрезентација и досегашните квалификациски мечеви за СП 2022.
Ова е секако одлична вест за селекторот Благоја Милевски од кој најверојатно се очекува да добие повик за следните квалификации за ЕП 2024 и за новото издание во УЕФА Лигата на нации.
Несторовски им се врати на трнинзите на својот клуб и очекуваме наскоро повторно да биде дел од натпреварите во италијанската Серија А и другите натпреварувања. Преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите фанови за поддршката и медицинскиот персонал кој се грижеше за неговото опоравување.
– Поминаа 180 дена, со сите се соочив со дигната глава. Не беше лесно да се надмине сè, но како и секоја потешкотија се соочив со тоа на најдобар можен начин.
Оваа пречка не беше лесна, но успеав да ја надминам со мојата одлучност и благодарејќи на моето семејство кое беше покрај мене секој ден!
Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на медицинскиот персонал на Удинезе и @udinesecalcio што ми неа на располагање за да закрепнам подобро..Благодарам – објави Несторовски на Инстаграм.
View this post on Instagram