Откако победи во првиот круг во Сарај, Блерим Беџети му го отстапува општинскиот штаб на Шилегов

1 min read

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, по победата од првиот круг на локалните избори заедно со шефот на локалниот изборен штаб Исни Јакупи и носителот на советничката листа на ДУИ за град Скопје, Ардијан Муча им се заблагодари на партиските структури за победа во Сарај, притоа наложувајќи им во вториот круг од изборите масовно да ја поддржат кандидатурата на Петре Шилегов од редовите на СДСМ за град Скопје.

– Заедно со г -дин Исни Јакупи и г -дин Ардијан Муча им се заблагодаривме на структурите за нивната посветеност, напорната работа и постигнатиот успех во текот на првиот круг. За вториот круг за град Скопје, им наредивме на структурите со нашите капацитети масовно да го подржат г -дин Петре Шилегов со кого реализиравме многу значајни проекти за нашата општина и започнавме проекти што очекуваме да ги завршиме во иднина, рече Беџети.

На локалните избори, Блерим Беџети извој победа уште од прв круг со 73,10% освоени гласови или 10.790 гласа, неговиот против кандидат од опзициската коалиција АА-Алтернатива, Керим Мамути имаше 2.606 глса, кандидатот на Движењето БЕСА, Хасим Муртезани 893 глас и Илјир Кроси од ДПА 87 гласа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Столтенберг: Алијансата ќе продолжи да ги набљудува терористичките обиди во Авганистан

Следно

Шок за Реал: Наместо „Златната топка“, Бензема ќе добие затворска казна?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian