Македонија против Летонија и Луксембург по први бодови во мундијалските квалификации

1 min read

Денеска женската А репрезентација на Македонија ги продолжува европските квалификации за пласман на Светското првенство кое ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година.

Селекцијата предводена од Кирил Изов гостува во Рига против Летонија, а натпреварот ќе започне од 17.00 часот. И двете репрезентации во рамките од квалификациската група „Д“ стартуваа со два порази, нашите најдобри фудбалерки загубија од Англија (0:8) и Австрија (0:6).

Пет дена подоцна Македонија на домашен терен во Охрид ќе ја пречека селекцијата на Луксембург.

За овие мечеви Изов ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Кристина Павловска (Деспина), Верица Колевска (Скопје 2014);

Одбрана: Сара Коларовска (Скопје), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Катерина Милеска (Деспина), Елена Панеска (Каменица Саса), Ане Бошеска (Тиверија), Синдис Положани (Ас Јунајтед), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Христина Јошевска (Каменица Саса);

Среден ред: Елена Петровска (Скопје), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Хава Мустафа (Шкендија), Јана Чубриновска (Деспина), Елма Шемсовиќ (Борец), Александра Марковска (Скопје);

Напад: Радица Чонева (Истатов), Улза Максути (Ас Јунајтед), Афродита Салихи (Шкендија), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Теодора Јанковска (Деспина), Кристина Петрушевска (Истатов), Ана Димитровска (Каменица Саса);

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ахмети лобира за Петре Шилегов!

Следно

ВИДЕО | Барзов: Мантрата на целата политичка елита во Европа и светот е да се намалат емисиите на ЦО2

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian