Македонија го набавува единствениот достапен лек против ковид

1 min read

Министерството за здравство ќе го набави лекот Молнупиравир, единствен лек против Ковид 19. Министерството проактивно стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка, велат оттаму.

Лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто.

Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат. Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Вирусот Ковид 19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на Сарс Ков 2.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јужна Кореја ја лансираше својата прва сопствена ракета

Следно

Повредата е минато, Несторовски се враќа: Оваа пречка не беше лесна, но успеав да ја надминам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian