По 16 месеци преговори, Велика Британија и Нов Зеланд постигнаа начелен договор за слободна трговија.
Целта на договорот е да се намалат тарифите, да се подобри трговијата со услуги, но и амбицијата на Лондон да се приближи до членство во поширокиот Транс-пацифички трговски договор.
– Ова е голем трговски договор за Велика Британија, што го зајакнува нашето долгогодишно пријателство со Нов Зеланд и ги зајакнува нашите врски со Индо-Пацификот, рече британскиот премиер Борис Џонсон.
По Брегитот и излгувањето на Велика Британија ос ЕУ, Лондон започна со офанзива на обновување на билатералните трговски односи со државите кои беа поранешни колонии на британската круна.
Лондон сака овие држави соединети во таканаречениот Комовелт да ги врати во сојузништво и така да го компезнира излегувањето од Европската унија.