Финале за најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа на турнирот во Шпанија

1 min read

Без борба Лина Ѓорческа заедно со Тена Лукас обезбедија пласман во дубл финалето на турнирот во шпанскиот град Севилја (W25).

Нивни противнички во полуфиналниот меч требаше да бидат Катарина Хобгарски (Германија) и Изабела Шиникова (Бугарија).

За трофејот во двојки македонската и хрватската тенисерка ќе играат против победничките од втората полуфинална пресметка во која се соочуваат Хенеман (Шведска)/Ку (Јужна Кореја) и Пери (Франција)/Ју (Кина).

Денеска Ѓорческа во поединечна конкуренција забележа нова победа откако во четвртфиналето славеше против Шиникова со 2:1 во сетови 4:6, 6:3 и 6:3.

Нејзина противничка во полуфиналето може да биде токму нејзината партнерка од дубл, Лукас, доколку слави против Русинката Елина Аванесјан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Филипче: Досега ниту едно дете од училиштата не е позитивно на ковид-19

Следно

Унгарска полиција уапси двајца од најбараните бегалци во Европа

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian