Ќе поскапне ли такси превозот бидејќи растат цените на горивата?

1 min read

-Со последното зголемување на цената на горивата нема да поскапи такси превозот. Сега само некои компании го намалија, а некои го укинаа попустот. Немам сознанија дека некоја компанија доставила барање за зголемување на цената оти го знаеме стандардот на граѓаните. Најголем проблем ни се нелиценцираните, диви, таксисти, вели Сашо Рајчановски, претседател на групација на авто-такси превозници на Град Скопје за Утрински брифинг

-Не се исклучува ако продолжат вака цените дека ќе имаме корекција на цената, ќе поднесеме барање до Град Скопје. Може да изгубиме и патници, но ако не се усогласиме ќе треба да ги паркираме возилата. Ќе мора да има некакви субвенции. Таксистите и онака имаа големи проблеми за време на ковид кризата. Угостителските објекти и аеродромот беа затворени, а болните од ковид со такси одеа на лекар, па граѓаните се плашеа да влезат да се возат во такси. Баравме и да имаме приоритет за вакцинација, но не успеавме во тоа, вели Рајчановски. 

Рајчановски потенцира дека цената на таксито во последниве 10 години е иста, а во меѓувреме многу пати и многу се зголеми цената на горивото, па сега таксистите работат со минимална заработувачка.  

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дерматолог Сузана Камберова: Промени на кожата на новороденчето кои се нормални, а ги загрижуваат родителите

Следно

ВИДЕО | Андоновиќ: НАТО ја разгледува руската закана – гасот и прекинот на соработката, потенцијална опасност за што алијансата бара одговор

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian