Дали Хари Стајлс се подготвува да го направи своето деби во Марвел Универзумот?

1 min read

Според среќните гледачи на проекцијата на филмот „Еternals“, Хари ќе го глуми Ерос во долгоочекуваниот филм.

Искусниот филмски писател Мет Донели наводно ја потврди Хариевата улога во филмот, пишувајќи „Хари Стајлс им се придружи на Марвеловци како Ерос, братот на Танос“- пренесува „Seventeen“

Деталите околу тоа дали Хари Стајлс ќе биде идниот лик во Марвел се шушкаат, но еве малку позадина околу ликот на Ерос: според Марвел, Ерос е најмладиот син на А’Ларс и Суи – Сан. Роден како Ерон, бил преименуван како Ерос. Неговите главни карактеристики се желбата за авантура, љубов кон животот и романсата. Прекарот му е „Кnave of Hearts“

Хари допрва треба официјално да ја потврди веста за неговата улога во Марвел Универзумот, но не треба да чекаме многу повеќе за да откриеме сами. Филмот треба да излезе на 5 ноември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Фановите на Стајлс ширум светот прават мемиња со веќе  херојски облечен Хари. Останува да видиме дали сево ова е вистина!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellie & Kate (@harrysbffls_4life)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Унгарска полиција уапси двајца од најбараните бегалци во Европа

Следно

Две жени од Тетово лажно повикувале полиција – ќе се соочат со глоби од 100 до 400 евра

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian