Братучед на убиениот Ѓокиќ ја искористил блискоста со него за да го изврши суровото тројно убиство

1 min read

Осомничениот за суровото убиство на тројцата членови на семејството Ѓокиќ во Србија, кој беше уапсен вечерва, е близок роднина, прв братучед на убиениот Горан Ѓокиќ, кој имал менувачница во Алексинац, пишуваат српските медиуми.

Тој бил еден од ретките луѓе во кои Горан Ѓокиќ имал доверба и веројатно го искористил тоа за да ги убие заедно со сопругата Гордана и ќерката Лидија, откриваат полициски извори. Осомничениот братучед е поранешен пожарникар, кој бил многу близок со убиениот Горан. Ѓокиќ го ангажирал роднината да му го пере автомобилот, затоа што немал доверба во работниците во пералниците поради повеќето сефови за пари кои ги имал во колата.

„Г.Џ. испланирал сѐ однапред, ја подготвил нафтата, нашол дупка во која ќе ги закопа телата, ги одвел таму, ги убил и ги запалил“, пишува Информер, повикувајќи се на извори од истрагата.

Уапсениот осомничен Г.Џ. / фото: приватна архива

Во извештаите на српските медиуми се додава дека осомничениот убиец, кој од прв обид го поминал тестот на детектор на лаги, има психички проблеми.

Тој, според изворите од истрагата, откако ги убил братучедот, снаата и 26-годишната внука, влегол во нивниот автомобил и го однел на друга локација, на која го запалил. По ова, тој се качил на скутер кој го чекал на местото и си заминал. Неофицијално, при денешното апсење, во дворот на осомничениот е пронајдена закопана голема сума пари која ја украл од убиените.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арифи: Да имав одговорност за модуларната болница, немаше сега да седам тука како кандидат

Следно

„Моето езеро“ ја отвора Неделата на албански филм во Кинотека

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian