Без промени, останавме на 74 позиција на ФИФА ранг листата

1 min read

Македонија не бележи ни напредок ни назадување на најновиот ФИФА ранкинг, односно остана на 74 позиција со 1343,19 поени, веднаш пред Кина, а зад Црна Гора.

Нашата А репрезентација овој месец во квалификациите за Светското првенство најпрвин триумфираше над Лихтенштајн во Вадуц (0:4), а со истиот резултат во Скопје загуби од Германија.

Во ноември избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги има последните два натпревари од мундијалските квалификации.

Остануваат шансите за влез во баражот, треба да бркаме победи над Ерменија на гости и дома против Исланд, а воедно Романија не слави на еден од своите натпревари.

ФИФА ранкинг
Топ 10

1.Белгија 1832,33 поени
2.Бразил 1820,36
3.Франција 1779,24
4.Италија 1750,52
5.Англија 1750,16
6.Аргентина 1738,79
7.Шпанија 1687,66
8.Португалија 1681,73
9.Мексико 1672,92
10.Данска 1668,98

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Политика“: Заев се надева во решавачката изборна битка во Скопје

Следно

Пронајдете се! Кој хороскопски знак од што е зависен – пушење, алкохол, секс…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian