Ахмети лобира за Петре Шилегов!

2 mins read

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети деновиве се сретнал со главните партиски експоненти во Скопје со цел да обезбеди поголема поддршка и повеќе гласови за кандидатот на СДСМ за Градот Скопје, Петар Шилегов, кој во вториот круг се натпреварува со независната кандидатка Данела Арсовска која е поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтерантива.

Како што дознава „Слободен печат“ од сигурни извори во ДУИ, Ахмети се сретнал со новоизбраниот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети во просториите на општината и од него побарал максимална мобилизација во неговата општина за кандидатурата на Шилегов, бидејќи во Сарај во втор круг ќе се гласа само за прв човек на градот.

Ахмети, вели нашиот извор, се сретнал и со потпреседателот на партијата Изет Меџити од кого го побарал истото. Партиски извори велат дека Ахмети побарал и од партиските структури во Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров да се стават во движење за да се постигне победата на Шилегов.

Од друга страна, министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, јавно му даде лична и партиска поддршка на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, упатувајќи му благодарност за изградбата на мултикултурен град.

„Во последните четири години видовме развој на урбани средини кои досега беа неправедно запоставени. Впрочем, во последните четири години видовме што значи да се изгради мултикултурен град, со почитување на јазичната разновидност, почитување на образованието за мајчин јазик и град во кој се гради довербата на сите граѓани“, рече вчера Османи.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Андоновиќ: НАТО ја разгледува руската закана – гасот и прекинот на соработката, потенцијална опасност за што алијансата бара одговор

Следно

Македонија против Летонија и Луксембург по први бодови во мундијалските квалификации

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian