Здружението „Ајнштајн“ направи кириличен фонт за лицата со дислексија, но не наоѓа примена во училиштата

3 mins read

Околу 12 проценти од основците и средношколците во државата имааат  дислексија. Оваа состојба им го отежнува читањето, решавањето тестови и правењето шисмени задачи. Иако здружението за дислексија „Ајнштајн“ во соработка со Филозовскиот факултет неодамна создаде посебен фонт за пишување,  а обемното истражување покажало дека истиот е приспособен за потребите на дислектичарите, кириличниот фонт Дислексик ФЗФ  не наоѓа примена во учебниците.

Претседателот на здружението „Ајнштајн“, Дамјан Николовски вели дека активно учествувал во прилагодување на буквите, проредот и големината, со цел да им помогне на учениците.

– Со цел да се олесни учењето на децата со дислексија, Филозофскиот факултет во соработка со здружението „Ајнштајн„ направи нов кириличен фонт, Дислексик ФЗФ, со помош на кој значително се олеснува читањето. Издавачката куќа „Арс Ламина“ веќе има издадено сликовници и 78 лектири со технички спецификации доставени од наша страна, но се уште нема интерес од страна на МОН да започне со печатење на учебници на фонтот Дислексик ФЗФ. Жалам што овој фонт не наоѓа поширока примена во училиштата. Можеби поради цената, бидејќи еден учебник од сто страници, со фонтот Дислексик ФЗФ би се испечатил на повеќе од 200 страници, а со тоа и би чинел повеќе. Фонтот може да се најде и на нашата веб страна, така што ги охрабрувам и наставниците да го користат секогаш кога подготвуват тестови, за да можат учениците полесно и побрзо да одговараат на прашањата, вели Дамјан, и додава дека насекаде во светот постојат латинични фонтови за олеснување на читањето на децата со дислексија, а за прв пат и кај нас.

Дамјан, кој и самиот е дислектичар вели  дека се забележува напредок во однос на препознавање на децата со дислексија, за разлика од порано кога овие деца се сметале за мрзеливи.

–  Јас сум еден од оние примери кои многу доцна сфатиле дека имаат дислексија. Целиот образовен процес го поминав како дислексичар, ниту моите родители ниту пак наставниците и професорите не ја забележаа мојата состојба. За нив секогаш бев дете кое не сака да учи и има слаби оценки. Секогаш ми велеа, „премногу си интелегентен, но мрзлив“ се потсетува Дамјан. Затоа, сега како претседател на здружението организирам вебинари и кампањи на социјалните медиуми со цел да ја сензибилизираме јавноста по ова прашање. Но, истовремено правиме и обуки за наставници, така што веќе се чувствува напредок. За разлика од порано, децата со дислексија повеќе не се сметаат за мрзеливи и незаинтересирани, туку лесно се препознава дислексијата и со поразличен пристпап им се помага на овие деца, објаснува Дамјан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Зелени инвестиции“: Џонсон и Гејтс склучија договор вреден 552 милиони долари

Следно

Еве кој е прв фаворит на „Австралија опен“ доколку Ѓоковиќ не биде вакциниран

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian