Ракометарите на Вардар вечерва го доживеаја вториот пораз по ред во Лигата на шампионите, „црвено-црните“ се поразени со 33:29 на гостувањето кај Алборг, а тренерот Веселин Вујовиќ веќе „го заборави“ овој натпревар.
Популарниот Вујо смета дека натпреварот е загубен на стартот од вториот дел кога Алборг направи предност од шест гола и веќе со мислите е кон следниот предизвик во Лигата на шампионите, а тоа е пресметката со германскиот Кил.
– Алборг одигра одлично, а средбата ја загубивме во првите десет минути од второто полувреме. Паднавме на седум гола негатива, се обидовме да направиме нешто, но невозможно беше да се вратиме.Овој меч за мене веќе е историја, а најважен ми е следиот дуел со Кил – рече Вујовиќ на прес-конференцијата по натпреварот.