Во Србија, во последните 24 часа, како последица на коронавирусот починаа 58 лица, а 7.745 беа позитивни, објавено е денеска на српската веб-страница kovid19.rs.
Во моментов, 6.708 луѓе се хоспитализирани, а 273 лица се на респиратор.
Во последните 24 часа беа тестирани 24.984 луѓе.
Досега, според официјалните податоци, битката со вирусот ја загубиле вкупно 9.272 луѓе.