ВИДЕО: Спектакл на небото во Хрватска, метеор пролета и падна во соседна Унгарија

1 min read

Голем број жители на Хрватска вечерва јавија дека забележале силна светлина на небото од метеор кој поминал над нивната земја и завршил во соседна Унгарија. Се јавија и астрономските здруженија, кои објаснија дека ноќва се очекува зголемена метеорска активност од ројот Ориониди

„Со оглед на многуте прашања и дојави за многу сјаен метеор над Хрватска околу 18 часот и 30 минути, ја известуваме јавноста дека засилена метеорска активност е очекувана, затоа што прогнозираниот максимум на активноста на метеорскиот рој Ориониди е во раните утрински часови на 21 октомври“, соопшти на Фејсбук Хрватското астрономско друштво.

Според информациите од астрономите, метеоритот паднал на територијата на Унгарија, околу 100 до 150 километри северно од хрватскиот град Вировитица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: „Ѓаволски“ пресврт на Јунајтед, убедлив триумф на Баерн и на Челси

Следно

Како стана најмладата модна икона: Зендеја ќе добие награда од „CFDA“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian