ВИДЕО: Шампионот го понижи „дрим-тимот“, супер камбек на Кари против Лејкерси

1 min read

Новата натпреварувачка сезона во НБА лигата започна доцна синоќа со два натпревари, по еден во Источната и Западната конференција. Актуелниот шампион Милвоки го совлада најголемиот ривал на Истокот, Бруклин, со конечен резултат 127:104.

Нетси многумина ги дефинираат како „дрим-тим“ поради звучните имиња во составот како Дурент, Харден, Олдриџ, Милс и др., но неиграњето на Ирвинг против Бакси се покажа можеби како клучно за крајниот епилог.

Домаќините беа предводени од Адетокумпо со 32 поени и 14 скокови, а на спротивната страна 32 поени и 11 скока забележа Дурент, Милс додаде 21 кош, а Харден имаше 20 поени, по осум скокови и асистенции, беше блиску до „трипл-дабл“ учинок.

Лос Анџелес Лејкерс стартуваше ос пораз од Голден Стејт Вориорс (114:121). Се чинеше дека домаќинот ќе го реши мечот во своја корист, но на крајот пресуди последната четвртина која „воините“ ја добија со 38:29.

Стеф Кари блескаше во дресот на Вориорси со „трипл-дабл“ ефект од 21 поен, по 10 скокови и асистенции и на одличен начин го најави своето враќање.

За „езерџиите“ не беа доволни одличните партии на Џејмс (34 поени, 11 скокови) и Дејвис (33 поени, 11 скока). Вестбрук запиша само осум поени и пет скокови иако имаше 35 минути на паркетот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Босилков: Граѓанските кандидати се одраз на промена на политичката култура

Следно

Два чудни симптома откриваат дека сте имале ковид-19: Едниот ги загрижува мажите, а другиот жените

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian