Авион со околу 20 патници се урнал во Тексас, при обид за слетување, соопштија од Федералната управа за авијација (ФАА), пренесува Си-Ен-Ен.
Неверојатно е што сите патници и членови на екипажот, успеале да се спасат од авионот.
Меѓу преживеаните имало и десетгодишно дете. Патниците во авионот патувале на бејзбол натпревар во Бостон, а при полетување малиот авион се запалил.