ВИДЕО | Како да разликуваме, настинка, грип од ковид-19 – разговор со д-р Митов

1 min read

За жал, сезоната на грип и настинки ќе се преклопи со ковид-пандемијата. И донекаде имавме и минатата година, но како за чудо заради големите рестрикции минатата година ковид траше, но сезонските настинки не се појавија, исто како и грипот, вели за „Утрински брифинг“ д-р Александар Митов.

Но, годинава веќе е поотворено и имаме класично поклопување и на корона и на грипот и на вообичаените сезонски настанки, додава Митов.

– Тука се создава голема дилема, забуна и луѓето просто се плашат. Не знае човек како да се однесува, да се изолира, тестира… Затоа е многу важно да се разграничат, иако е тешко да се разликуваат симптомите. Едно нешто за короната што генерално се кажува е дека има три главни карактеристики – таа тријада од многу висока температура, кашлица и губење на чувството за мирис. Најчесто оваа тријада е типична за ковид-19 или за новата делта-варијанта, вели Митов.

Целиот разговор проследете го во видеото во продолжение:

Два чудни симптома откриваат дека сте имале ковид-19: Едниот ги загрижува мажите, а другиот жените

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО: Експлозија на воен автобус во Сирија, 13 мртви

Следно

Ш: Вардар 1961 по втор триумф против европскиот вицешампион Алборг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian