ВИДЕО | Град со големина на грејпфрут, силно невреме во Австралија

2 mins read

Град со рекордна големина паѓал долж источниот брег на Австралија на почетокот на неделата, а некои парчиња мраз во областа Квинсленд биле со големина на грејпфрут, објави државниот метеоролошки институт (БОМ), пренесува Ројтерс.

Невремето ја зафати областа Џалбору, северно од Макај, 954 километри северно од Бризбејн, во понеделникот, со што донесе град со рекордна големина – до 16 см во дијаметар, објави Метеоролошкиот институт (БОМ).

На видеата може да се видат како возилата и зградите во индустриската зона Голд Коуст биле преплавени од големиот град, а може да се види и човек што држи парче мраз со големина на топче за голф.

Ваквите големи парчиња мраз се многу ретки и се формираат само во посебни околности, објави државниот метеоролошки институт.

“Во централниот дел на Квинсленд имаше судир на многу студен, сув воздух и топол, влажен воздух. По бурата, атмосферата беше крајно нестабилна, што влијаеше на зголемувањето на зрнцата мраз, пред да падне на земја поради гравитацијата”. рекоа од институтот.

Соборен е рекордот од 2020 година

Претходниот рекорд за најсилен град беше поставен во 2020-та година за време на големата бура во Квинсленд, објави БОМ.

Предупредување за невреме проследено со грмотевици во Квинсленд важи и денеска, а се очекува бурите да се прошират и во источните области на државата.

Австралија беше погодена од невообичаени временски настани во последните неколку дена. На почетокот на неделата, многу ретка појава на торнада беше забележана на северот од Нов Јужен Велс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Сиара со WOW фактор во бел фустан, Хали Бери и Хајли Бибер покажаа кожа – еве како изгледаа овие жени на прославата на Elle за 2021

Следно

ВИДЕО: Ученици од „Васил Антевски Дрен“ тренираат како да се заштитат од лажни вести

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian