ВИДЕО | Босилков: Граѓанските кандидати се одраз на промена на политичката култура

2 mins read

Изненадувањата во првиот круг особено со независните советнички листи и бројот на добиени места во општинските совети од нивна страна можеме слободно да го наречеме феномен. Тоа е и главната вест на овие избори, ако земеме предвид дека СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ се ротираат на власта рече за денешен Утрински брифинг вели за д-р Иво Босилков.

-Независните листи и кандидати и пред изборите се перцепираа како едно освежување на политичката сцена, но сега по изборите јас мислам дека станаа тектонски потрес, нешто сосема ново и нешто што никогаш не се случило, вели Босилков.

Деновиве прочитав информации дека после СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, независните како агрегат имаат најголем број на ниво на целата држава, зборуваме за околу 58, 59 листи на ниво на целата држава кои освоија околу 60 илјади гласови. Во некои општини имаше дури и поголем број кандидати од различни независни листи што е голема понуда за гласачите, коментира Босилков за Утрински брифинг.

-Тоа е всушност и поентата, мислам дека препознаа и луѓето кои се кандидираа и тие што гласаа дека потребно е нешто различно, дека ова до сега е одење во круг. За разлика од запад каде партиите и покрај големиот број фрагментации уживаат доверба кај гласачите, меѓутоа овде се добива впечаток дека политичките партии се создаваат за поголема концентрација на моќ, за остварување на сопствените, а не на граѓанските интереси и сега се бара одредена алтернативна артикулација, вели Босилков.

Тој вели дека Левица е специфичен тип на партија и дека не е сигурен колку се задоволни од она што го направија на овие избори.

-Мислам дека очекуваа повеќе меѓутоа аголот кој што Левица го има е тоа дека таа е трета опција ама ова со независните според мене е повеќе од трета опција, вели за д-р Иво Босилков.

Целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсен колумбиски револуционер во Мексико

Следно

ВИДЕО: Шампионот го понижи „дрим-тимот“, супер камбек на Кари против Лејкерси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian