Светско на две години или закана со бојкот и „минус“ од три милијарди за федерациите на УЕФА

3 mins read

Џани Инфантино се брани со тврдење дека идејата на Арсен Венгер да се одржува Светското првенство на секои две години е само нацрт, и дека секој има време да предложи друг начин за промена на системот, кој, како што вели, мора да се промени.

УЕФА категорично ја отфрла таквата можност, сè под изговор дека промените во календарот дополнително би го зголемиле ризикот од повреди на фудбалерите.

Францускиот „Л`Екип“ пишува дека европската фудбалска куќа вчера одржа видео состанок со сите свои членови, кој го започна токму отвори првиот човек на ФИФА, Инфантино. Тој повтори дека сè уште ништо не е решено, туку дека бара само решение што би можело да биде усвоено на Конгресот во декември.

УЕФА имаше готов одговор и на сите национални федерации им претстави „независно истражување“ за финансиските ефекти што би предизвикале одржување на Светското првенство две години. Тоа би значело и помал број репрезентативни паузи, бидејќи квалификациите би се играле во еден или најмногу два термини.

Легендарниот тренер Венгер со неговите идеи би можел да го „уништи“ фудбалот

Доколку би се играле во еден термин, се заклучува во истражувањето, европските федерации би загубиле до три милијарди евра за период од четири години. Доколку квалификациите се играат во два термини, „минусот“ ќе биде околу две и пол милијарди.

Националните федерации би имале потешкотии да ги наполнат стадионите за повеќе натпревари во краток временски период, дека ТВ-станиците ќе дадат помалку пари за правата за пренос на натпревари и дека приходите од спонзорите ќе бидат намалени. Планот е квалификациите да се играат во текот на месецот, на пример од октомври до ноември.

Поради сето тоа, пренесува „Асошиејтед прес“, двоцифрен број европски федерации се заканија дека ќе се повлече од ФИФА. Познато е дека нордиските земји се во таа група: Данска, Шведска, Норвешка, Финска, Исланд и Фарски Острови.

Доколку се случи такво нешто, УЕФА секако ќе ги заштити сите федерации, бидејќи во суштина се бори за својот џеб. Европската фудбалска федерација, пред сè благодарение на Лигата на шампионите, ќе заработи околу 12 милијарди евра за четири години помеѓу Светските првенства! ФИФА за четиригодишен циклус заработува нешто повеќе од пет милијарди евра. Јасно е зошто сака „дел од колачот“.

И ИОК е против идејата на ФИФА за Мундијалите да се играат на две години

Поради тоа обидите се и да измислат нови термини. Или со проширување на Светското клупско првенство – одложено поради коронавирусот – или со Мундијал две години, или со зголемување на учесниците на Светското првенство 2026 година од 32 на 48 репрезентации.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ученици од „Васил Антевски Дрен“ тренираат како да се заштитат од лажни вести

Следно

„Благодарна сум до небото и назад“ – инфлуенсерката Јелена Спенџарска на патување на Сејшелите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian