Сега е официјално: Фати потпиша нов договор со Барселона, откупната клаузула изнесува милијарда евра

1 min read

Младиот 18-годишен напаѓач на Барселона, Ансу Фати потпиша нов шестгодишен договор со каталонскиот тим.

Веднаш по завршувањето на натпреварот против Динамо Киев во Лигата на шампионите во кој Барселона славеше со 1:0, Фати во друштво на претседателот Жоан Лапорта стави потпис на новиот шестгодишен договор. Откупната клаузула за суперталентираниот фудбалер според новиот договор изнесува дури милијарда евра.

Фати стана вториот млад фудбалер на Барселона по Педри (18) кој потпиша нов договор и доби откупна клаузула од милијарда евра.

Со овој потег Барселона продолжи да ја обезбедува иднината и да потпишува договори со најталентираните фудбалери.

Следен кој треба да добие нов договор е 17-годишниот Гави кој неодамна стана најмладиот дебитант во историјата на шпанската репрезентација.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден загрижен за кинеските хиперсонични ракети

Следно

Осма седница на Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian