Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани

1 min read

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2379 дози вакцини, од кои 700 се аплицирани како прва доза, 1585 се ревакцинирани, а 94 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 19 октомври вкупно се вакцинирани 800 103 граѓани, ревакцинирани се 764 953, а трета доза примиле 1292 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.

 

Прва доза вакцина примиле 49,4 отсто од населението над 18 години

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Се урнал авион во Тексас, сите патници преживеале

Следно

Официјално: Стив Брус не е повеќе менаџер на Њукасл

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian