Ретро фото: Како изгледало некогаш култното кино „Култура“

1 min read

Кино „Култура“ – култното место на старите скопјани „го преживеа“ скопскиот земјотрес во 1963 година. Изградено е во 1939 година, според нацртот на архитектот Ѓорѓе Ристиќ, а првичиот назив му бил Кино Уранија. 

Киното било изградено во модерен стил, со 20 реда во партерот и 280 седишта обложени со кадифе. Зад редовите се наоѓале 8 раскошни ложи, 15 маси со по 4 седишта на првиот балкон и 7 реда со по 20 седишта на вториот балкон. Се влегувало низ раскошен влез, а во чекалницата имало гардероба, бифе и тоалет. За набавка на најмодерната киноапаратура во тоа време, „Ернеманд 2“, од германско потекло, сопствениците вложиле 80 златни наполеони, а опремата била донесена од Виена. За монтирање на апаратурата биле ангажирани двајца кинооператори од Австрија.

Првата филмска програма во киното започнала на 7 март 1937 година. 

Во подрумските простории на објектот било сместено и едно од првите кабареа – ноќни клубови во Скопје пред земјотресот. На негово место подоцна била направена уште една киносала наменета за деца, наречена кино „Бамби“. 

 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Анџелина Џоли ги „облече“ децата во свои рециклирани фустани

Следно

ВИДЕО: Се урнал авион во Тексас, сите патници преживеале

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian