Откако се преселиле в село, се препородиле: Васка (68) и Благоја (70) Блажески произведуваат здрава храна

2 mins read

Сè почесто се среќаваме со животни приказни на пензионери кои го напуштаат градот и се враќаат на село, на здрав живот, и се посветуваат на производство на домашни намирници. Таква е и приказната на Васка и Благоја Блажески.

Васка и Благоја, фото приватна архива

Васка и Благоја Блажески откако се пензионирале го напуштиле Кичево и се преселиле во селото Лазоровци кое се наоѓа северо-источно од Кичево, а од источната страна се допира со падините на гребенот Гол Рид.

Благоја има 70 години, а Васка 68, но годините не се пречка да успеваат, сами двајцата, да произведуваат здрава храна за четири семејства.

– Татко ми и мајка ми имаат три деца, две ќерки и еден син. Сите ние имаме семејства, па така имаат пет внуци. Навистина сме голема фамилија, – ни раскажува нивната ќерка Билјана Илиоски и додава:

– Откако се преселија на село, велат, се препородиле. Произведуваат здрава храна за нив, и за нивните деца. Работат сами бидејќи сите ние сме зафатени со сопствените работи, ама не е тешко, велат, за децата мора да има здрава храна.

Инаку, Васка многу сака да готви, а јадењата ги подготвува со домашно произведени намирници.

– Кај нив дома, во секој момент има по неколку јадења, – горда е нивната ќерка Билјана и објаснува дека задачите им се поделени, додека мајка ѝ со задоволство готви за сите, татко ѝ оди во град да им го однесе ручекот на сите три семејства.

Во домот на Васка и Благоја нема што нема…


Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Извор: Еспресо.мк

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во изминатото деноноќие во Србија како последица на ковид-19 починаа 58 лица, а 7.745 се новозаразени

Следно

Столтенберг ги повика членките на НАТО да ги надминат разликите околу Авганистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian