Додека ВМРО-ДПМНЕ најавува ново парламентарно мнозинство со освоени пет општини во градот Скопје во првиот круг, од ДУИ велат дека мнозинството е стабилно и дека ќе се зголеми по вториот круг на локалните избори. Министерот Бујар Османи, рече дека на Владата ќе и се приклучат уште неколку пратеници, без да открие повеќе детали.
„Веднаш по изборите, владината коалиција ќе се прошири и со други пратеници кои го поддржуваат овој прогресивен курс на земјата меѓутоа не можам да откријам детали уште неколку дена“, истакнува Бујар Османи.
Денеска премиерот Заев соопшти дека владејачката коалиција е стабилна и силна, а тоа претходно преку соопштенија го нагласија и десетина помали партии-членки на коалицијата.