НБА лигата ги објави првите 25 од вкупно 75 најдобри кошаркари на сите времиња

1 min read

НБА лигата во текот на целата сезона која започна утринава, ќе ја одбележува 75-годишнината од постоењето на најсилната кошаркарска лига на светот, а дел од таквата прослава ќе биде и изборот на 75 најдобри кошаркари на сите времиња.

Изборот на најдобрите 75 кошаркари во историјата на НБА лигата го направија, актуелните и поранешните играчи, тренерите, генералните менаџери, новинарите…

Првите имиња на 25. најдобри кошаркари во историјата на НБА лигата беа откриени утринава, наредните 25 ќе бидат познати утре, а последните 25 во петок по средноевропско време.

Првите 25 имиња кои се најдоа на списокот на најдобри на сите времиња се: Карим Абдул-Џабар, Јанис Адетокумпо, Нејт Арчибалт, Чарлс Баркли, Боб Кузи, Дејв Ковенс, Кевин Дурент, Џулиус Ирвинг, Џорџ Гервин, Хал Грир, Џејмс Харден, Елвин Хејс, Џери Лукас, Мозес Мелоун, Кевин Мекхејл, Џорџ Мајкан, Стив Неш, Дирк Новицки, Хаким Олајџувон, Боб Петит, Вилис Рид, Оскар Робертсон, Дејвид Робинсон, Бил Расел и Џон Стоктон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И минималната и просечната плата се зголемија за 100 евра, но веројатно граѓаните очекуваат повеќе, вели Заев

Следно

Незабележливи, а можат да бидат знак за тревога: Три скриени симптоми на дијабетесот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian