Мурињо одговори дали ќе седне на клупата на Њукасл

1 min read

Актуелниот тренер на Рома, Жозе Мурињо призна дека на негова адреса пристигнала понуда на Њукасл која тој ја одбил.

Пред десетина дена Њукасл стана најбогат спортски клуб на светот откако беше купен од Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ) кој е под директна надлежност на саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман.

Веднаш потоа започна лицитацијата со потенцијалните имиња кои ќе го наследат Стив Брус кој пак денеска и официјално се раздели со Њукасл. Голем број на звучни тренерски имиња беа поврзувани со Њукасл, а  меѓу нив очекувано се најде и тоа на Мурињо.

Тој беше една од желбите на новите сопственици, но Мурињо одлучи да остане во Рома.
– Њукасл? Одлучив да останам, не одам никаде. Потпишав тригодишен договор со Рома, имаме проект на кој работиме и не сакам да ги напуштам своите фудбалер – изјави Мурињо.

По отпаѓањето на Мурињо од трката за наследник на Брус, сега главен фаворит е друг Португалец, Паоло Фонсека кој минатата сезона ја предводеше токму Рома.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Беќаровски: 250.000 вистински чесни гласачи останаа дома, бидејќи не им се нудеше вистински победнички избор

Следно

Во Србија воведоа ковид-сертификати за влез во кафеани и дискотеки, ќе се бараат само по 22 часот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian